Пет хороскопски знаци кои ги кријат емоциите како змија нозе: Знаат да сакаат, но се плашат да го покажат тоа

Добивај вести на Viber

Личат на оние кои не се внесуваат во туѓите проблеми, ниту пак се во можност да ги споделат своите и да ги разберат туѓите чувства...

За претставниците на поединечни хороскопски знаци, кога ќе ги видите, би кажале дека се ладни како камен, без грам емоција.

Леден поглед, ладен тон во гласот... Личат на оние кои не се внесуваат во туѓите проблеми, не покажуваат интерес за да ги разберат другите, ниту се способни да ги споделат сопствените емоции.

Доколку со нив инсистирате на споделување на чувствува, ќе станат нервозни и ќе се затворат уште повеќе. Пред вас ќе се создаде Кинескиот ѕиг ов кој ќе ударате со секоја следна реченица.

Меѓутоа, никој не претпоставува што се крие зад тие „ледени кралеви и кралици“.

Астролозите издвојуваат 5 хороскопски знаци кои својата ладнокрвност ја користат како одбрамбен механизам, стравувајќи дека луѓето ќе ги повредат или искористат.

1. Рак

Можеби се прашувате како е можно претставниците на овој знак кои се големи емотивци да се најдат во оваа група. Ракот е познат по тоа дека е полн со љубов и дека е исклучително чувствителен. Но, токму тие нивни емоции и страв да не бидат повредени може да ги направат ладнокрвни.

Доколку порано биле повредени или некој на некој начин ги предал, може да станат многу затворени. Тие ќе се однесуваат како личноста која ја преминала границата да е мртва, како да не постои воопшто. И никогаш повеќе нема да ѝ дозволат да им пријде.

Ќе се затворат во својот оклоп на недоверба и ќе се погрижат нивниот непријател скапо да плати за она што им го направил.

2. Јарец

Јарците одбиваат да ги покажат емоциите, па со задволство изгледаат како студен мермер отколку да му дозволат на некој да си игра со нивните чувства.

Бидејќи Јарците веруваат дека строгиот имиџ е клучна работа за успех, тие секогаш се грижат да остават таков впечаток. Склони се да мислат дека поради премногу сентименталност може да изгледаат слаби во очите на другите, што им штети на добриот имиџ.

Јарците сакаат за нив да владее мислењето дека се практични, рационални и дека држат сè под контрола. Не сакаат другите да ги доживуваат како емотивци.

3. Водолија

Тешко дека за некој кој околу себе има еден куп пријатели може да помислите дека е „ледена кралица“. Но, тоа е случај со Водолиите.

Доколку на луѓето им дозволат да им пријдат и подарат емоции, „на челото“ на Водолиите ќе им прочитате што чувствуваат и што мислат. Меѓутоа, таа привилегија ја имаат само одбрани луѓе.

За останатите на кои не им дозволиле да влезат во срцето, тие се ладнокрвни суштества кои не покажуваат емоции. Водолијата не сака да го троши времето на они кои не се подготвени да се носат со проблемите и да ги решаваат.

4. Девица

Постојат моменти кога Девиците навистина веруваат дека се најпаметните личности на светот и дека никој не им е рамен.

Личностите родени во овој знак сакаат да учат и да го покажуваат она што го научиле. Бидјеќи се толку сконцентрирани на она што им се случува во главата, понекогаш можат да го игнорираат она што им се случува во срцето.

Девиците тежнеат кон совршенство, а немаат трпеливост за недостатоците, грешките и работите кои нè прават луѓе.

5. Близнаци

Близнаците може да бидат непредвидливи - во еден момент да се топли и гостопримливи, во друг да се ладни, дистанцирани и непријателски расположени.

Единствена работа на која можете да сметате е дека никогаш во потполност не се рамнодушни. Доколку сте ги повредиле Близнаците или некој кој го сакаат, нема да може да се сокриете од нивниот леден поглед.

Нема да ги интересира ниту ако имате добар изговор за она што сте го направиле. Близнаците во потполност ќе ги игнорираат вашите чувства и ќе го напуштат вашето друштво кога ќе се обидете да разговарате со нив по „грешката“ која сте ја направиле.