Пет месеци по трагичниот настан: Алек Болдвин и Хиларија го чекаат своето седмо дете

- По многу подеми и падови во изминатите неколку години, имаме возбудлив подем и големо изненадување: уште еден Болдвин доаѓа оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, но бевме и повеќе од среќни со ова изненадување - објави Хиларија

Актерот Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (38) објавија дека го очекуваат седмото заедничко дете. Авторката и инструкторка по јога сподели видео од моментот кога ја споделија веста со нивните други деца. 

- По многу подеми и падови во изминатите неколку години, имаме возбудлив подем и големо изненадување: уште еден Болдвин доаѓа оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, но бевме и повеќе од среќни со ова изненадување. Го споделувам со вас моментот кога им кажавме на децата - како што можете да видите, тие се многу возбудени! Нашето ново бебе е многу светла точка во нашите животи. Благослов и дар во несигурни времиња. Ми недостигавте за време на мојата пауза од социјалните мрежи. Се вратив и со нетрпение очекувам да го продолжам со вас ова диво патување што го нарекуваме „живот“. Ви испраќаме љубов кон вас и вашите најблиски – напиша Хиларија во соопштението.


Двојката ја објави веста пет месеци откако Болдвин случајно ја уби Халина Хачинс, снимателката, додека го снимаше нејзиниот филм „Рѓа“. Семејството на починатата снимателка поднело обвинение против Болдвин. Адвокатот Брајан Паниш, кој ги застапува нејзиниот сопруг Метју и синот Андрос, тврди дека кратењето на трошоците и невнимателното однесување на Болдвин и другите продуценти на Rust ја предизвикале трагедијата. Тој поднел тужба со „најмалку 15 индустриски стандарди“ кои продуцентите не ги почитувале на снимањето на филмот.


Фото и Видео: Инстаграм

Не сакам да те изгубам, духот ти е скршен, а душата во незамислива болка: Сопругата на Алек Болдвин сподели трогателна порака