Пресврт: Семејството на Халина Хачинс го тужи Алек Болдвин за убиството на директорката на фотографија

Семејството на директорката на фотографија, Халина Хачинс, која почина во октомври 2021 година за време на снимањето на филмот Rust, сепак поднесе тужба против актерот и нејзиниот пријател Алек Болдвин, кој ракуваше со пиштолот од кој таа доби скртен куршум.

Адвокатот на семејството одржа прес-конференција, на која ги изнесе деталите од приватната истрага.

Во октомври минатата година се случи трагедија која го шокираше светот: за време на снимањето на независниот игран филм Rust во близина на Санта Фе, актерот Алек Болдвин (63) пукал од реквизит и ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс (42), додека режисерот Џоел Соуза (48) беше хоспитализиран поради повредата, соопшти полицијата во Санта Фе.

Хачинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била прогласена за мртва, додека Соуза бил хоспитализиран во Регионалниот медицински центар Крист Сент Винсент.

Во своето прво обраќање до јавноста, преку Твитер, по оваа трагедија, актерот истакна дека во истрагата соработувал со полицијата.

  Нема зборови со кои можам да го опишам мојот шок и тага поради трагичната несреќа што го однесе животот на Халина Хачинс, мајката, сопругата и нашата ценета колешка. Целосно соработувам со полицијата во истрагата за да се утврди како дошло до оваа трагедија – напиша меѓу другото Болдвин.

Меѓутоа, набргу потоа било откриено дека Болдвин одбил да го предаде својот мобилен телефон на полицијата, по што бил издаден налог за претрес, а дури во средината на јануари неговиот телефон дошол во рацете на полицијата.

Болдвин неодамна го даде првото интервју по оваа трагедија, на познатиот новинар Џорџ Стефанопулос, за ABC. На прашањето зошто го вперил пиштолот кон директорот на фотографија и го повлекол чкрапалото, тој рече:

- Не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би извадил пиштол, никогаш.

Тој исто така истакна дека воопшто немал поим како во тој пиштол се нашол вистинскиот куршум.

- Некој ставил вистински куршум, а куршумот воопшто не требало да биде на тој имот - рекол актерот.

Тој тогаш беше многу емотивен и едвај ги задржа солзите, особено додека зборуваше за покојната Халина.

Таткото на Хачинс, Анатолиј Андросович, подоцна изјави дека не ги разбира изјавите на актерот и иако првично одбил да бара одговорност од Болдвин за смртта на неговата ќерка, тој по интервјуто изјавил дека инсистира тој да одговара пред законот. Болдвин избриша и неколку твитови.

- Револверот е тип на пиштол што не пука пред да се притисне пиштолот, а Алек е делумно виновен што го испукал куршумот. Јасно е дека Болдвин испукал истрел од неговата рака, па тешко ми е да разберам како тој не може делумно да биде одговорен за смртта на ќерка ми - рекол таткото на Халина.

извор:GLOSSY

Новите фотографии од Алек Болдвин со семејството го кршат срцето: По трагичната несреќа на неговото лице јасно се гледаат очај и тага

    Моментот пред смртта на снимателката која Алек Болдвин ја уби случајно: Последната фотографија од сетот