Пет прашања кои мора да му ги поставите на партнерот пред венчавката

Добивај вести на Viber

Што треба да знаете за другата страна пред да се одлучите за сериозна врска или венчавка? Постојат важни информации кои мора да ги знаеме пред трајно да се врземе за некој и да ја донесеме една од најважните одлуки во животот.

Што би требало да биде на листата теми кои е нужно да се зборуваат?  Без овие информации, не би требало да донесувате толку важна одлука!

Каков е неговиот однос кон семејството и децата?

Дали има добар однос со роднините? Дали сака да остане со нив во контакт или нема потреба да ги види и да одржува семејни врски?

Мора да го проверувате неговото размислување за вашите односи со други момчиња.

Дали е многу љубоморен, посесивен и дали можеби ќе се обиде да ги ограничи вашите контакти со други мажи?

Кои се неговите сексуални преференции и што навистина го возбудува?

Мора да знаете дали е искрен со вас во текот на блиски акции и дали тој навистина го сака она што го правите и не очекува ништо поинаку од вас, за што се плаши да зборува. Сетете се дали тоа можеби во иднина нема да ви одговара.

Каде себе си се гледа за неколку години кога е во прашање неговата кариера, работа?

Дали има планови за индината или да размислува како неговиот професионален живот ќе изгледа?

Однос кон парите

Каков е неговиот однос кон парите и над се - дали сака заеднички буџет или посебни сметки?