Пет работи на кои непотребно фрламе пари
Често не сме свесни колку пари трошиме на непотребни ситници без кои и тоа како можеме да функционираме. Ова се петте работи за кои психолозите велат дека на нив буквално ги фрламе парите:
1. Членство во теретана
Најдобрата вежба на светот е пешачењето, како и возењето велосипед, а ако сакате затегнато тело, правете стомачни вежби и склекови. Сите овие вежби можете да ги направите дома или во природа.
2. Камера
Денеска паметните телефони можат да бидат замена за најдобрите камери и фотоапарати.
3. Мултивитамини
Посетете го вашиот доктор и направете анализа кои витамини ви недостасуваат, па според тоа формирајте ја исхраната и внесете ги витамините со здрава исхрана.
4. Венчален фустан
Никогаш не купувајте фустан кој еднаш во животот ќе го облечете. Изнајмете го !
5. Флаширана вода
Полесно е да купите шише кое ќе го наполните на чешма. Ефектот е ист.