Петре Шилегов: Позитивен сум на Ковид-19

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, соопшти дека е позитивен на коронавирус.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19.

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање.

Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.

Чувајте се и чувајте ги другите околу вас“ - напиша Шилегов на Фејсбук.