Животна училница // Приказни
Пиеме поскапо кафе, чај и какао: Еве што вели статистиката за трошоците за живот
- 14 Февруари, 2023
Трошоците на живот во јануари годинава биле поголеми за дури 17,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова го покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Од ДЗС пресметале дека индексот на трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи зголемување од 17,1 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,3 проценти.
Позитивна вест во најновите податоци кои ги објавува ДЗС покажуват дека на месечна основа трошоците на животот во јануари 2023 година, во однос на претходниот месец изнесувале само 0,1 отсто.