Пијан ме разбуди и ми рече дека ме остава: Проговори поранешната на Елтон Џон

Добивај вести на Viber

„Не знаев дека во себе си се бори со својата сексуалност“, вели Линда Ханон (75), разведена мајка со три деца. Таа е некогашна свршеница на Елтон Џон, кој ја оставил на најлошиот можен начин и никогаш повеќе не се слушнале.

Линда денес живее во САД, во Тексас. 

„ Во 1970 година дојде дома пијан и ме разбуди. Ми рече дека не може да се ожени со мене затоа што музиката му е на прво место“, изјавила Линда за „Сан“. Неколку месеци подоцна, двајца мажи го убедија дека ако се ожени и животот и кариерата му се готови. 

Во 1984 година, Елтон сепак се ожени со техничарката Рената Блауел (66) но тој брак потраја 4 години, а потоа Елтон на себе си и на светот им призна дека е хомосексуалец.

„А веќе ја имав испланирано целата наша свадба. Тој тогаш немаше пари. Самата си купив свршенички прстен, затоа што Џон немаше пари“, додала Линда.