Плачела и молела лекарите да ја спасат: На Лепа Брена ѝ соопштиле страшна дијагноза, а од едно нешто најмногу се плашела

Добивај вести на Viber

Брена еднаш призна низ што поминала

Пејачката Лепа Брена не сака да открива приватни проблеми, но откри дека своевремено се соочила со здравствен проблем поради кој морала итно да се оперира. Имено, Брена еднаш призна низ што поминала.

- Во 2010 година имав сериозна операција на циста на јајниците. Докторот Саша Љубиќ ми рече да го направам тој фамозен БРЦА тест, каде што се покажа дека имам мутиран ген и голема шанса и можност да добијам рак на дојка. Мојот туморски маркер беше многу висок, и итно отидов на операција за циста на јајниците - изјавила Брена пред неколку години.

- Еден или два дена не можев да го повторам мојот телефонски број, бидејќи бев многу шокиранa. Имав таков страв дека нема да ги изнесам моите деца на пат, дека може да се случи се. Ужасни слики ми поминуваа низ мислите. Сепак, подобро е навреме да прифатиме некои тешки факти и да знаеме да се бориме со нив и да не бегаме од проблеми - изјавила Брена која во тој момент подготвувала два солистички концерта, но сето ова го премолчувала за да не се вознемират луѓето кои работеле со неа.

Сепак, сето она што ја мачело го сподели со пријателите и семејството, а болеста на Лепа Брена ги вознемири сите.

- Таа плачеше секој ден. Го молеше докторот Љубиќ да ја спаси, велеше дека не сака да умре од рак... Низ главата и поминуваа најмрачните мисли. Ја тешевме колку што можевме – открила пријателката на Брена.

- Жените треба да знаат, а јас тогаш го научив, дека кога БРЦА тестот е позитивен, повеќе не смеете да користите никакви хормонски препарати. Почнав да живеам по сите тие правила што ми ги препорачаа лекарите. Сето ова сега го кажувам токму затоа што со оваа порака сакам да ја подигнам свеста на жените дека треба да направат тест, бидејќи веднаш знаете дали имате можност да заболите од рак или не. На овој начин можете да си го спасите животот и здравјето, бидејќи многу жени заболуваат од рак на грлото на матката, јајниците или дојката, без воопшто да знаат од каде потекнува – изјави Брена која на овој начин им испрати многу важна порака на жените.