Плачеше со мене затоа што многу ме болеше, повеќе си ми од сестра: Шехерезад се породила покрај најдобрата другарка

Добивај вести на Viber

Турската актерка Бергузар Корел (39), која е позната по улогата на Шехерезад и Халит Ергенч (51), кој го паметиме како Сулејман Величествениот, во ноември добија трето дете - ќерката Лејла.

Шехерезад на својот Инстаграм тогаш објави серија емотивни фотографии од породувањето и откри дека се породувала 11 часа, настанале компликации, и папочната врвца на бебето била обвиткана околу вратот.

За среќе се се завршило добро, а таа тогаш објави дека нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, кој цело време бил со неа за време на раѓањето на бебето.

Но, сега, два месеци подоцна, Бергузар објави нови фотки на кој во салата за породување е нејзината најдобра другарка, со цел да ѝ се забалагодари и да ѝ посака среќен роденден.

„Првата фотка е од моментот кога имав болки и не можеа да ме освестат и да ми ги стават нозете во воздух...
Дури и нашиот најемотивен момент е смешен..
Со тебе сè е цело, и премногу реално.
Тоа не е само кратко пријателство условувано и по потреба...
Ти секогаш ми го покажуваш твоето пријателство со твоето присуство. Ниту еден момент не ми ја пушти раката..
Беше многу возбудена за мене, не само во мојата тага туку и во моите најсреќни моменти.
Ова е многу вредно за мене..
Ниту во текот на целата бременост и пораѓање не ме остави, ми даваше сила, плачеше со мене затоа што многу ме болеше..
Повеќе си ми од сестра..
Нека животот секогаш ти го покажува своето дарежливо лице, реално како што си ти.
Не плаши се, нека твоето срце секогаш чука од среќа. Те сакам многу. Среќен роденден“


Покрај емотивниот пост, Бергузар објави фотки со пријателката, а таа со солзи во очите ѝ се аблагодари и рече дека е среќа да се има другарка како Бергузар.

View this post on Instagram

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)