Планирале совршена романтична свршувачка на езеро, а потоа сѐ тргнало наопаку: Девојката скокнала во вода, но тука не е крајот

Добивај вести на Viber

Свршувачката за многумина е еден од најважните моменти во животот, а овој млад човек решил да ја запроси својата девојка на идилично езеро. Но, иако местото било совршено, тој пропуштил еден детал – што ако заврши со прстенот во вода!

На почетокот на оваа година, Мекена Хилер, модел од Њујорк, имаше задача да го сними романтичниот момент на свршувачката на идниот девер и нејзината сестра.

Видеото започнува со слика на момчето, облечено во црвена кошула и крем панталони, додека е клекнат на едното колено. Нејзината сестра, во налет на среќа, го допира по лицето и вели: „Секако дека ќе прифатам!“. Меѓутоа, следниот момент, додека се свртува да ги погледне реакциите на неговото семејство, случајно му паѓа кутијата со прстен од рака.

Таа скокна во вода за да ја спаси свршувачката

Со краток извик, девојката почнува да се смее и да вели: „Ах, по ѓаволите!“ За среќа, Мекена брзо реагирала и без размислување скокнала во водата за да го извади прстенот пред да исчезне под вода.

„Мојот инстинкт како помлада сестра беше да скокнам веднаш!“, изјавила Мекена. За време на нуркањето, таа, исто така, случајно удрила во шише со пиво, што предизвикало коментар на некој од присутните: „Ова сме ние, типично!“.

Брзите рефлекси го спасија прстенот

Со брзи рефлекси, Мекена успева да го пронајде дијамантскиот прстен и да и го врати на идната невеста. Видеото завршува така што парот повторно го држи прстенот и споделува краток бакнеж. Иако планот беше видеото да остане во кругот на пријателите и семејството, Мекена набрзо го поставила на TikTok каде што предизвика позитивни реакции и смеа кај гледачите.

„Зошто луѓето сè уште просат на платформа? Ова секогаш се случува!“ коментираше еден корисник. Друга се пошегува: „Изгледа не сакала да се мажи!“.

Фото: Принтскрин
Извор: Zena.blic.rs