Плескавици од тиквичка во рерна: Здрав и вкусен неделен ручек
Ако сте обожавател на тиквички, пробајте го овој вкусен рецепт!
Потребни намирници:
1 мала тиквичка
1 голем морков
1 голема пиперка
4 чешниња лук
малку магдонос
2 јајца
2 лажици презла
2 лажици брашно
сол
масло за готвење
Начин на подготовка:
Излупете ја тиквичката и изрендајте ја. МОрковот исто така изрендајте го на ситната страна од рендето. Исечете ја пиперката на мали коцки. Додадете сол, измешајте и оставете да отстои смесата 10 минути. Исцедете добро. Додајте го ситно исецканото лукче, јајцата, брашното, презлата и магодносот.
Изедначете ја со мешање целата смеса. Ставете хартија за печење во тава за печење и премачкајте ја со масло. Направете плескавици и наредете ги во тавата Печете на 190 степени целзиусови околу 40 минути, додека станат кафеави, односно додека да бидат готови. На половина од печењето премачкајте ги плескавиците од тиквички со масло и вратете ги во рерната да се допечат. Сервирајте по ваша желба со кисела павлака или печено месо и уживајте.
Бон апетит!
Можеби ќе ве интересира:
Потпечени тиквици со јајца и сирење: Никогаш поедноставен, побрзи и повкусен оброк
Рецепт: Совршени тиквички на брз и лесен начин