Здравје // Рецепти
Рецепт: Совршени тиквички на брз и лесен начин
Верувам дека скоро секој од нас ги обожава, можете да ги подготвите пржени, печени, на скара, во сите варијанти.
Направете го рецептот кој денес ние ви го предлагаме и израдувајте ги сите дома.
Потребни состојки:
- Тиквички
- Брашно
- Сол
-Масло
- Вода
Подготовка:
Излупете ги тиквичките и исечете ги на прстени дебели околу 1,5 см.
Во сад, комбинирајте грст брашно и лажичка сол.
Ставете чаша вода до садот.
Истурете го маслото во тавата и вклучете го шпоретот на ниска температура.
Тиквичките се ставаат во брашно со сол и се потопуваат во чаша вода.
Потоа ги ставате во тава.
Пржете ги од двете страни додека не заруменат.
Бон апетит!