Потпечени тиквици со јајца и сирење: Никогаш поедноставен, побрзи и повкусен оброк
Кога немате време и идеја што да подготвите за ручек или вечера, овој репецт е идеален...
Состојки (за една личност): 1 тиквица со средна големина, 1 јајце, 100 грама младо безмасно сирење, 0,5 децилитри јогурт, 2 лажици маслиново масло и лук.
Подготовка:
Најпрво маринирајте ги тиквичките. Исечете по желба, а потоа зачинете ги по желба. Колку за вкус, малку додадете изрендан лук. Сето тоа добро промешајте го и оставете го да отстои околу 15 - тина минути за да се исцеди водата, која ја пуштаат тиквичките.
Во тепсија ставете хартија за печење, а јајцето изматете го со јогуртот и маслото. Ставете од смесата во калапчиња, додајте ги маринираните тиквички и преку нив ставете го сирењето.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека не добијат боја. Доколку сакате, пред да бидат готови наросете ги и со малку пармезан.
Може да ве интересира:
Рецепт: Совршени тиквички на брз и лесен начин