По 1,5 милион заболени- најава за светло на крајот од тунелот

Добивај вести на Viber

До утрово во светот се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус и 88 505 смртни случаи предизвикани од него. Иако во Европа состојбата полека се поправа, особено во Италија, од Светската здравствена организација предупредуваат дека напредокот во оваа битка е сè уште кревок и дека уште не е време за славење.

Сепак, истакнато е дека четири европски земји направиле голем исчекор во борба со заразата: Германија, Австрија, Швајцарија и Холандија. Регионалниот директор на СЗО потврди уште еднаш дека инфекцијата е пропорционално најмала кај децата помлади од 15 години и, иако ги напаѓа сите возрасни групи, најтешко ги погодува старите луѓе, мажите и хроничните болни.

-Иако мнозинството искусува благ облик на болеста, речиси 40 % од луѓето завршуваат во болница, а 5 % на интензивна нега. Помеѓу починатите, две третини се мажи, а 95 % од нив имале 60 и повеќе години. Поголем број од починатите боледувал од една или повеќе хронични болести – вели др. Ханс Хенри Клуг, регионален директор на СЗО за Европа.

И покрај воздржаноста на СЗО, некои влади веќе бараат соодветна излезна стратегија, а неколку држави најавија и дека наскоро преземаат први чекори за ублажување на рестрикциите, воведени во борбата со вирусот. Данска наскоро ќе ги отвори јаслите, детските градинки и училиштата, а Австријците по Велигден повторно ќе можат да купуваат во продавниците за алати, градежен материјал и во помалите дуќани. Слични чекори постпразнично најави и Словенија.

Повеќе од дваесетина компании во меѓувреме најавиле ветувачка вакцина, со која би можело да се стави крај на пандемијата, која во раните фази на тестирањето со ширеше со брзина, непозната досега, јави утрово „Њујорк тајмс“.