По 15 октомври: Три хороскопски знаци ги очекува љубoвен хаос
Три знаци се издвојуваат во октомври оваа година, два ќе бидат погодени од лоша енергија, а sвездите велат дека само на еден му се насмевнува нова љубов!
Бик
Октомври ќе биде невообичаен за вас, ако сте слободни, не можете да престанете да размислувате за некого, но околностите не дозволуваат да бидете заедно. Можеби станува збор за некој што штотуку излегува од претходна врска, но јасно е дека има повеќе од пријателство меѓу вас. Знајте дека ова не е добар месец за да запловите во таа приказна, оставете да поминат неколку недели и целата ситуација да се смири, па дури потоа размислете дали ова е вистинскиот чекор за вас.
Биковите кои се веќе во врска ризикуваат погрешно да ги протолкуваат сопствените чувства и може да направат голема грешка!
Девица
Вие сте единствениот знак на кој во октомври му е загарантирана нова љубов. Девиците кои не се во врска според астролозите треба да очекуваат возбудлив почеток. Во претходните месеци, имавте чувство дека се‘ е во стагнација, дека немате шанси за нова врска, и одеднаш октомври е исполнет со многу интересни луѓе кои сакаат да ви се приближат. Дајте им шанса, но изберете мудро, меѓу нив има некој што може да ви даде се‘ за што сонувате кога е во прашање љубовта.
Водолија
Веќе некое време сте незадоволни од љубовта, а можеби и октомври е моментот кога ќе се разделите со партнерот. Ако сте во врска, ќе го преиспитате секој збор и секое чувство во стомакот. Ќе биде тешко бидејќи не можете сами да одлучите што сакате, а партнерот не ви помага во тоа. Водолиите кои не се во врска ќе бидат збунети од сигналите што ги добиваат од личност која им се допаѓа, поради што можеби ќе се откажат од врската што би можела да им даде многу.