По 19 години и повеќе од 80 неверства - крај: Вилијам Леви објави дека се разведува од убавата Елизабет

Добивај вести на Viber

Речиси две децении познатата манекенка минуваше низ бројни неверства и беше со својот сопруг во период кога тој минуваше низ тешки финансиски проблеми, но сега, очигледно, решија да стават крај.

Кубанско-американскиот актер познат на локалната публика од мексиканските сапуници, Вилијам Леви (41) и манекенката Елизабет Гутиерез (42) беа видени заедно пред неколку месеци по подолго време, кога дојдоа рака под рака на доделувањето на наградите Латински Билборд 2021 година. 

Иако изгледаше како Вилијам и Елизабет успеале да го спасат својот брак, набргу потоа објавија дека крајот е неминовен.


-Сакаме да знаете дека по многу размислување донесовме одлука да ја прекинеме нашата врска. Но, ние ќе продолжиме да бидеме прекрасно семејство какво што сме и да бидеме најдобри можни родители на нашите деца. Тоа никогаш нема да се промени – напиша актерот на Инстаграм, а набрзо потоа ја избриша оваа објава.

Подготвен сум за ново поглавје во мојот живот – напиша подоцна актерот.

Двојката е во брак од 2003 година, а за тоа време ги добија синот Кристофер Александар Леви и ќерката Кејли Александар Леви. 


Според странските медиуми, разводот најверојатно е поради едно од неверствата на Вилијам, кое тој не се трудел многу да го скрие.

Американскиот актер со кубанско потекло ја стекна титулата миленик на жените штом за прв пат се појави во светот на шоу-бизнисот, прво како модел, а потоа и како актер во теленовели. Ѕвездата од серијата „Внимателно со ангелот“ веќе неколку пати е прогласуван за најсекси маж на светот, а цело време го придружува уште една „титула“ – најголем прељубник. Во последните години неколку негови врски се обелоденија во медиумите. 

Меѓу другото, тој беше и со својата колешка Химена Наварете, со која глумеше во теленовелата „Бура во срцето“. За нивната афера проговори и самата таа, а на насловните страници на медиумите се појавија и нивни заеднички фотографии.

Сепак, иако тој беше виден јавно со Химена и таа им кажа на сите дека се среќно вљубени, најголемата афера на Вилијам беше онаа со актерката Жаклин Бракамонтес („Марибел“ од “Руби“), на која дури ѝ се заколнал дека ќе ја остави сопругата поради неа. Таа, исто така, јавно проговори за се, во својот роман. Таа призна дека ја прекинала врската со Вилијам дури кога дознала дека тој и неговата сопруга чекаат уште едно дете. Тој негираше се, но малкумина поверуваа во неговата приказна.

Нови проблеми настанаа откако беше обвинет дека намамил малолетничка во хотелска соба и имал секс со неа. Обвинението подоцна било повлечено, но Вилијам никогаш не негирал дека спиел со девојката, туку изјавил дека таа го лажела за тоа колку години има.

Пред две години беше објавено дека Вилијам ја завел Барбара Лопез, ќерката на познатиот продуцент Рејналд Лопез, која ја запознал додека работел на заеднички проект, а сведоците им откриле на медиумите дека привлечноста меѓу нив била повеќе од очигледна. За време на паузите и кажувал се што сака да и право, а таа паднала на неговиот шарм и како и многу други не можела да му одолее. За него тоа беше само секс, но го плати со губењето на мајката на своите деца – изјавил анонимен извор.

Според него, актерот наводно ја изневерил сопругата со дури 80 жени! Вилијам најмногу го привлече вниманието на светската јавност во 2011 година, кога се појави во спотот на Џенифер Лопез за песната I'm Into You. Сепак, иако многумина го нарекуваат „кубанскиот Бред Пит“, му биле понудени само споредни улоги во холивудски филмови, па Леви доживеал финансиски колапс. Поради долг од милион долари куќата му била конфискувана во 2016 година.

-Беше арогантен и мислеше дека целиот свет е негов, а сега нема ништо. Мора да ја проголта гордоста и да најде начин да заработи за живот - открил еднаш извор близок на актерот.
- Поминува низ тежок период и најверојатно ќе мора да се врати со сапуници. Работата е во тоа што тој трошеше пари на почетокот на кариерата. Се прослави во Мексико, а потоа дојде во Мајами и си дозволи да одбива улоги, не сакаше да глуми во теленовели. Сакаше да оди во холивудски филмови и се срамеше да глуми во серии, ги сметаше за дамка на кариерата. Пред неколку години сакаше да се пробие во Холивуд, но сфати дека таму има многу убави глумци како него. Тој глумел во проекти кои останале незабележани.

За сето тоа време, неговата сопруга Елизабет неколку пати го оставала со децата, но секогаш се враќала, последен пат пред неколку месеци, а Леви секој пат негирал дека ја изневерувал и ги отфрлал гласините за себе и за многу жени и нивните признанија. Сега, сепак, дојде крајот.

Или макар така изгледа.

извор:GLOSSY
фото:instagram

За 18 години ја изневери со повеќе од 80 жени: Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез се повторно заедно и позаљубени од секогаш