По два абортуси конечно стана мајка: Се породи Тамара Грујиќ
Водителката на „Работна акција“, Тамара Грујиќ, денес првпат стана мајка. Како што пренесуваат српските медиуми, Тамара која ужива големи симпатии и кај македонската публика, се породила утрото во една белградска клиника.
Пред да се израдува на убавите вести, Тамара помина низ неколку тешки животни фази. Пред неколлу години, таа имаше спонтан абортус. Втората бременост, морала да ја прекине поради тогашниот работен ангажман.
Фото: Пулс Онлајн
„Имав еден спонтан абортус, несреќен случај, кога имав 33 години, кога сопругот и јас само што ја започнавме врската. Еднаш морав да ја прекинам бременоста поради друга продукција во која тогаш почнував со работа. Денес тоа ѝ се случува на секоја втора жена и тоа остави длабок траг на мене. Во периодот на мојата прва бременост дури и помислив дека прерано се случи затоа што само што почнавме да се забавуваме“, изјавила Тамара во една прилика.