По ин-витро, Олга роди „погрешно бебе“: Кога забележа дека нешто не е во ред, лекарите ја советуваа да го остави во дом за деца без родители

Фото: NOT SUPPLIED / WILLWEST NEWS / PROFIMEDIA

Иван и Олга го имаат синот Денис кого бескрајно го сакаат, но сакаат да го најдат своето вистинско дете

Олга Аљохин (35) подлегнала на ин-витро оплодување откако неуспешно се обидувала да остане бремена. Набрзо станала бремена и во ноември истата година, Иван и Олга станале родители на синот Денис. Сепак, среќниот настан набрзо се претворил во драма, кога само три месеци по породувањето се испоставило дека Денис не е нивниот биолошки син, туку дека таа родила „погрешно дете“, пренесува „Мирор“.

Имено, Олга по грешка била оплодена со јајце клетка на друга пациентка, па дури и се сомнева дека знае за која жена се работи.

„Денот кога отидов на клиниката да донирам јајце клетки, запознав жена во истиот оддел. Разменивме неколку реченици, но не се сеќавам на нејзиното име. Таа рече дека ѝ зеле 10 јајце клетки, исто како и мене. Повторно се сретнавме за време на оплодувањето во истиот оддел. Оттогаш не сум ја видела“, ја започнува својата приказна Русинката.

Фото: NOT SUPPLIED / WILLWEST NEWS / PROFIMEDIA


Олга се породила во ноември 2018-та година, девет недели пред терминот и забележала дека нешто не е во ред штом ја напуштила болницата - крвната група на момчето била А и имало сиво-сини очи, иако немалo од кого во нивното потесно и пошироко семејство да ги наследи.

„Мојата крвна група е Б, а мојот сопруг има нулта крвна група. Нашиот син никако не може да биде А крвна група. Лекарот ме уверуваше дека теоретски тоа сè уште е можно. Но, прашав наоколу и не постои шема што може да предизвика мојот сопруг и јас да имаме дете со крвна група А. Животот ми се преврте наопаку. Бев во длабок шок и паника. Плачев со денови, а никому не можев да ја кажам причината“, вели Олга.

Лекарите потоа направиле нови тестови на крвта и ДНК тестови, а резултатите стигнале дури три месеци по раѓањето. „Ни се јавија од болница. Ни кажаа дека никој од нас не е биолошки родител на нашиот син“, објасни Олга и додаде дека болницата им платила отштета и им понудила да го остават момчето во дом за деца без родители.

Клиниката одбила на брачната двојка Аљохин да им го открие името на жената која потенцијално би можела да биде вистинска мајка на Денис и која го родила нивното дете.

Фото: NOT SUPPLIED / WILLWEST NEWS / PROFIMEDIA



Олга и Иван се сигурни дека ќе го воспитаат Денис како свое дете и дека никогаш не би се откажале од него, но дека многу би сакале да знаат каде и како живее нивното вистинско дете.

„Ако ги најдеме родителите на нашето дете, би сакале да воспоставиме нормален контакт. Би можеле да се преселиме таму каде што живеат. Можеби ќе испадне дека веќе живееме во близина. Мислам дека нема шанси да ги смениме децата. Никогаш не би се откажала од Денис, јас го носев девет месеци и го доев. Но, можеби ќе ги однесеме децата на одмор. Само сакаме да воспоставиме однос со нив“, вели Олга.

По објавувањето на приказната, Иван и Олга повеќе не се огласуваа, па се поставува прашањето дали сепак успеале да го пронајдат своето вистинско дете и да го запознаат Денис со неговата биолошка мајка.

извор: yumama.mondo.rs