По Онур и Бали Бег: Џан е новиот омилен турски актер (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Турскиот актер кој е обожаван од многу жени и многу македонки, Џан Јаман, ја раскажа својата приказна за одморот што целосно му го смени животот.

Џан Јаман (31) стана нова актерска сензација за кој страдаат многу фанови ширум светот. Актерот на серијата „Романтичарот“ не е само убаво лице и ’извајано’ тело. Имено, Џан е исто така паметен: завршил правен факултет во Истанбул и извесно време работел во адвокатска фирма. На годишниот одмор, не очекувајќи ништо, тој отишол на аудиција за ТВ серија и секако - ја добил улогата! Кој би го одбил овој адвокат, модел и нов актер знаејќи каква популарност ќе донесе серијата. 

По серијата „Dolunay“ што го прослави, овој актер со косовско-македонски корени ја прифати улогата на фотограф и сопственик на агенција за маркетинг во серијата „Романтичарот“. Колку стана популарен, покажува и фактот дека тој има над 8,2 милиони следбеници на Инстаграм, каде што често ги почестува своите фанови со фотографии на кои тој е без маица.


Џан призна дека е многу себичен во љубовта, не сака да прави компромиси, ниту пак би бил подготвен да се промени себе си заради својата подобра половина.

Тој е всушност доста пребирлив кога станува збор за жени: не сака гласни, нападни девојки, но исто така не сака мистериозни, тивки жени. Тој вели дека кај девојка најважно му е да биде среќна и да има добра енергија што ќе го охрабри да биде најдобрата верзија од себе. 

Сепак, на големо разочарување (или љубомора) на обожавателите, се чини дека една девојка сепак успеа да ги исполни сите критериуми на Џан. Додека ја снимаше новата серија „Сандокан“ во Италија, во која глуми пират, Џан ја запозна италијанската водителка Дилета Леота (29), за која се шпекулираше дека е во врска со Златан Ибрахимовиќ (39). 

Џан сподели слика на Инстаграм каде тој и водителката вежбаат пукање, а во описот на сликата напиша „Опасен пар“. 

Без оглед на новата врска, турскиот актер миленик на жените работи и тренира повеќе од кога било, а резултатите од неговиот тренинг ќе можете да ги видите во новата серија „Сандокан“ што се очекува да излезе во октомври.


Фото: Инстгарам/canyaman

Можеби ќе ве интересира:

Баба му е од Македонија, дедо му од Косово: Турскиот актер повторно на екраните, но овој пат е непрепознатлив