По разводот со Афлек, утеха најде во помлад бизнисмен: Која е најубавата жена на светот?
Џенифер Гарнер е најубавата жена на светот за 2019 година, според традиционалниот избор на магазинот „Пипл“. Холивудската актерка ја краси насловната страница на популарното америкаско списание, а ако се суди по реакциите и коментарите на социјалните мрежи, читателите се исклучително задоволни.
47-годишната ѕвезда со години е препознатлива како „жена и мајка од соседството“ која папариците често ја фотографираат на прошетка со децата или како пазарува во супермаркет.
Со поранешниот сопруг Бен Афлек имаат три деца - ќерките Вајолет (13) и Серафина (10) и синот Семјуел (7).
Иако на црвениот килим блеска во гламурозни креации, на улица е обично облечена во фармерки, широка памучна маичка и патики, а децата, како што самата често изјавува, најмногу ја сакаат во такво опуштено издание.
- Кога ќе се вратам од некој настан или од снимање, ми велат: Мамо, можеш ли да го измиеш тоа од лицето? Собери ја косата, стави наочари и облечи тренерки. Таква те сакаме! Секако, за мене тоа е комплимент. Сакаат да им бидам само мајка - вели Џенифер во интервјуто за „Пипл“.
Освен што ја гледаме на големото платно, Гарнер е основач на компанијата Once upon a Farm, која се занимава со производство на детска храна, а е и амбасадорка на хуманитарната организација Save the Children.
По разводот со колегата Бен Афлек, утеха најде во шест години помладиот бизнисмен Џон Милер.