По сообраќајка на Кристина ѝ рекле дека никогаш повеќе нема да оди: Затоа нејзината сестра вежба премногу, а еве зошто

Кога Кристина Витхулкас (23) од Австралија, во 2018 година, погрешно ја проценила брзината со која го управувала моторот, удрила во рампата и завршила во болница, лекарите успеале да и го спасат животот, но ѝ рекле дека, за жал, никогаш повеќе нема да може да оди.

Меѓутоа, нејзината близначка Ајрин не можела да се помири со фактот дека нејзината сакана сестра никогаш повеќе нема да може да оди.

Поради тоа решила да се вклучи во теретана и да работи на себе! Почнала понапорно да тренира во теретана и да крева поголеми тегови за да може да ја носи сестра си во раце и на грб каде и да одат.

- Ние двете сме многу поврзани. Напорно тренирам за да можам да ја однесам каде било - објасни Ајрин во видеото кое го објави на својот Инстаграм профил и на тој начин ги освои луѓето со гестот и љубезноста што ѝ ги дава на својата сестра.

View this post on Instagram

A post shared by (@irene.vithoulkas)



Фото: Инстаграм