,

По вторпат се разведе од истиот маж: Сестрата на Наташа Беквалац, Кристина призна каков однос има со сега веќе поранешниот сопруг

Добивај вести на Viber

Љубовта на Кристина Беквалац и Иво Мартиновиќ не траеше, но зад нив се две години брак, како и две деца.

Иако се чинеше дека Кристина Беквалац и Иво Мартиновиќ ја пронајдоа вистинската среќа откако влегоа во брачните води п вторпат, се покажа дека повторно ги разделиле непомирливите разлики.

Модната дизајнерка и сестра на Наташа Беквалац, неодамна потврди дека по втор пат се разведува од Иво, со кој ги има ќерката Петра и синот Ноа.

 Таа на Инстаграм сподели и со своите следбеници каков е нејзиниот моментален однос со веќе бившиот партнер.

На прашањето „Зошто се разведе?“ Кристина имаше подготвен и концизен одговор.

„Затоа што веќе не ни беше убаво“, кратко одговори Кристина.

По ова модната дизајнерка ја коментираше нивната врска.

- Со Иво раскинавме во нормални односи и одлично функционираме како родители, а тоа е најважно - напиша Кристина.

Таа веќе кажа дека „не се снаоѓала“ во бракот и се чини дека малку ја изгубила вербата во бракот како институција.

- Бескрајно сум благодарна што јас и Иво имаме фантастичен однос како родители и многу слични ставови за воспитувањето и иднината на нашите деца. Се надевам дека така ќе остане. Но, во брак не се разбравме и морам да кажам дека не сум поддржувач на таа институција. Мислам дека луѓето би функционирале многу подобро и неоптоварено доколку нема таков притисок. Зборувам за лично искуство и искуство од брак, мислам дека не е така со сите луѓе и семејства. Она што ми е најважно во животот е луѓето да живеат слободно, во вистина. Се трудам да живеам така и морам да признаам дека се чувствувам многу полесно и поубаво во своја кожа - истакна неодамна  Кристина за Стори.

View this post on Instagram

A post shared by Kristina Bekvalac (@kristinabekvalac)



извор:GLOSSY