Почина Бранка Станковска: Сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радио

“ТОЧНО Е 12.00 часот“ - сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радио.

Дене, во Скопје, на 90 годишна возраст почина Бранка Станковска -радио и тв презентерка.

-Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко, напиша нејзината внука внука на Фејсбук, објавувајќи ја тажната вест за смртта на Бранка.
Ви ја пренесуваме во целост:


Инаку Бранка целиот работен век го поминала во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, и е емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. На 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.