Почина Драган Вучиќ, и неговата сопруга позитивна на Ковид-19

Добивај вести на Viber

Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Вучиќ, како што велат за Женски магазин негови блиски пријатели, бил позитивен на вирусот Ковид-19.

На Инфективната клиника, Вучиќ кој беше дијабетичар бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. Од блиски на семејстото Вучиќ дознаваме дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми. 

Изминатиов викенд, исконтактиравме со неговиот син Мартин, кој потврди дека татко му е во болница, но не даде дозвола за објавување. Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска. Беше автор на талент-шоу проектите „Вашите 5 минути“, и „Мак ѕвезди“ и на многу квизови. 

Сочувство со семејството на Вучиќ од редакцијата на Женски магазин.

Фото:  фејсбук/Љупчо Мирковски