Почина Маја Леција, младата ѕвезда на „Би Би Си“

Добивај вести на Viber

Почина Маја Леција Нејлор, хероината од детските серии Millie Inbetween и Nearly Never. Трагедијата ја потврдија агентите на младата 16-годишна ѕвезда на „Би Би Си“. 

- Неизмерна е тагата и болката за неа. Маја Леција беше многу сакан лик од семејството на „Би Би Си“. Таа беше исклучително талентирана актерка, пејачка и танчерка. Многу ќе ни недостига“ - стои во соопштението.

Не е наведена причината за смртта на девојчето. Маја во своето последно интервју изјави дека отсекогаш сакала да пее, да танцува и дека допрва ќе прави „неверојатни проекти“.

Фото Би-Би-Си