Почина новинарот Марјан Блажевски: Почивај во мир драг наш колега

Новинарот Марјан Блажевски почина денеска по кратко боледување. Блажевски е долгогодишен новинар, а најголемиот дел од својата кариера го помина во весникот „Дневник“.

Последниот ангажман во новинарството му беше во нашиот медиум, Фактор.

Текстовите на нашиот Марјан ќе останат да сведочат за неговата професионалност, посветеност...

Фактор, колегите, новинарите - сите тажиме.

Замина нашиот другар.

Почивај во мир драг наш!