Почнете го денот со шолја од оваа напивка и заборавете на вирусите: Утрински еликсир за силен имунитет (РЕЦЕПТ)
Витаминската бомба е идеална и за сезоната на алергии
Градењето силен имунитет е способноста на вашето тело да се бори со разни болести, инфекции и зарази. Иако сите имаме имунитет, важно е дополнително да го зајакнеме самите, а најдобар начин да го направите тоа е преку правилна исхрана.
Започнете го секој ден со овој пијалок и вашето тело ќе ви се заблагодари. Не само што ќе го зајакнете имунитетот, туку и ќе ја намалите шансата да добиете вирус.
Ќе ви требаат:
-Корен од ѓумбир - сантиметар или малку повеќе
-3-4 каранфилче
-Половина стапче цимет
-Лимон
-Лажица мед
-4 dcl вода
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот и исечете го на ситни парчиња, а потоа заедно со каранфилчето и циметот ставете го во ладна вода и почнете да го загревате додека не зоврие.
Оставете го полека да се готви десетина минути, тргнете го од шпоретот, поклопете го и оставете го да отстои уште 20 минути.
Истурете во шолја, по желба засладете со мед и исцедете малку лимон. Секогаш пијте додека пијалокот е топол.
Ѓумбирот е познат по своите смирувачки, антибактериски и антихистамински ефекти. Има антиинфламаторно дејство и ги ублажува алергиите.
Каранфилчето е богато со еугенол кој има силно антиинфламаторно дејство, а богатo е и со витамини Ц, Б6, Е, К и фолна киселина. Содржи и бројни минерали. Меѓу другото, го стимулира лачењето на слуз, со што се лекува воспалението на усната шуплина и грлото.
Foto: YouTube printscreen/Secerkos Kitchen