ПОЧНУВА ПАСИВНИОТ ПЕРИОД ЗА ФРИЗЕРИТЕ: За што го користат времето во ноември, јануари, февруари?

Добивај вести на Viber

Преку лето обично има многу свадби и веселби, а од ноември почнува пасивниот период за фризерите. Во ноември, јануари, февруари, фризерите имаат помалку муштерии, поради што дел од нив се посветуваат на посета на стручни семинари за да го надоградат своето знаење.  

Димче Ивановски, претседател на Македонската Асоцијација на фризери вели дека неговите колеги посетуваат обуки во Италија и Турција, но и во земјава се одржуваат семинари. Тој вели дека освен едукацијата на јутјуб која е лесно достапна, занаетчиите мораат да се доедуцираат.

„Кога времето е постудено, тоа влијае на психата на луѓето, помалку излегуваат, а знаеме дека луѓето се средуваат за да бидат видени. Во ноември, јануари и февруари има помалку работа и тој период го користиме за едукација. Јануари е месец кој има многу празници. По Велигден има повеќе работа. Потоа следуваат матурите, во летото доаѓаат гастарбајтерите, има многу свадби. И со другите занаетчии е слично во поглед на тој „пасивен период“. Мораме да ги следиме трендовите затоа што секоја година фабриките вадат нови бои, нови препарати“, рече Ивановски.

Подетално на Фактор тука.