„Подарено од срце“: Белата куќа за прв пат новогодишно ја накити Џил Бајден- за магијата и беа потребни 10.000 украси и 80.000 светилки

Белата куќа во Вашингтон, домот на претседателското семејство, традиционално е уредена и подготвена за најсреќниот период од годината

Првата дама на САД Џил Бајден откри како ја украсила Белата куќа за божиќните и новогодишните празници. 

Во ходниците и просториите на Белата куќа се наоѓаат бројни новогодишни елки, украсени со мотиви кои потсетуваат на најсреќниот празник во годината.

Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „Подароци од срце“.

Првата дама на својот официјален Твитер профил објави фотографија од официјалната елка на Белата куќа, која се наоѓа во Сината соба. 

- Инспирирани од дела на љубезност и искуства кои ни го подигнаа расположението оваа година, украсените простории во Белата куќа одразуваат подароци од срце кои не обединуваат сите: вера, семејство, пријателство, уметност, учење, природа, благодарност, услуга, заедница, мир и единство – напиша Џил Бајден.


Меѓу украсите е и џиновската Бела куќа, која им оддава почит на работниците од првата линија кои истрајаа низ пандемијата на корона вирусот, додека официјалната елка висока 5,5 метри ги слави даровите на мирот и единството, соопшти Белата куќа. 

Северната и јужната страна на зградата се украсени со 25 венци, а речиси 79.000 светилки осветлуваат новогодишни елки, венци и други празнични украси. 

На едно од дрвјата се пронајдени необични и интересни украси.

Како што можете да видите на фотографиите, таа ја красат и фотографии од претходните жители на Белата куќа, па покрај сликата на Џо и Џил Бајден, има и фотографии од Барак и Мишел Обама, како и од Доналд и Меланија Трамп. 


Фото: EPA/Твитер-Џил Бајден

ГАЛЕРИЈА: