Поемотивно не може да биде: Деми Мур сподели емотивно видео од роденденот на Брус Вилис кој се бори со тешка болест
На специјалниот ден на актерот целото семејство се собра да го прослави неговиот роденден, а неговата поранешна сопруга објави се на социјалните мрежи
Деми Мур (60) во неделата на социјалните мрежи му го честиташе 68-от роденден на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис.
- Среќен роденден, BW! Мило ми е што денеска можевме да прославиме – напиша актерката во описот на видеото каде целото семејство се собрало околу Брус.
- Те сакам и го сакаме нашето семејство. Ви благодариме на сите за љубовта и топлите желби, сите ги чувствуваме – порача Деми.
Таа сподели видео на кое го расположија актерот и му пееја роденденска песна, по што тој ги дувана свеќите.
Неговата сопруга Ема Хеминг (44) на видеото нежно го бакнува во образ и му подава торта - пита од тиква.
Роденденот на својот драг татко го прославија и двете ќерки на Брус и Ема - Мејбел (10) и Евелин (8).