Погледнете го лицето на Деми Мур: Дали е ова најлошата пластична операција досега?

Ниту познатата актерка не одолеа на трендот на пластични операции

Деми Мур (59) синоќа се прошета на црвениот тепих, а погледот никој не и го тргна од лицето. Имено, таа се појави во Лондон на доделувањето на модните награди и предизвика вистинска лавина од коментари.

Сите присутни коментираа за нејзиното лице, но набрзо коментарите почнаа да се шират на социјалните мрежи. Се шпекулира дека актерката станала редовен пациент на клиника за естетски зафати во Лос Анџелес. 

Приказната за нејзините прекумерни процедури започна на почетокот на оваа година, на ревијата на Фенди, кога луѓето за прв пат забележаа дека нејзиното лице е премногу вкочането.

Тогаш сè уште не беше јасно дали се работи за погрешна шминка или премногу естетски процедури, но луѓето сега немаат дилеми. 

Според бројните коментари кои се појавија на социјалните мрежи, тие воопшто не се воодушевени од оваа промена. Имено, многумина се согласија дека актерката претерала и дека изгледа целосно непрепознатливо. 

„Сигурно ги обработила јаболкниците“, „На докторот што ги направил овие корекции веднаш треба да му се одземе лиценцата“, „Ова не ѝ требаше“, се само дел од коментарите кои со неверојатна брзина се раширија на интернет.


Фото: Профимедиа