Појадокот е лош, дај му го на непријателот: Најпознатиот руски доктор откри голема тајна

Добивај вести на Viber

Кардиохирургот на Министерството за здравство на Руската Федерација тврди дека сè што знаевме за здравата исхрана е лага

Познатиот советски и руски кардиохирург, професор и академик на Руската академија на науките и Руската академија за медицински науки, главен кардиохирург на Министерството за здравство на Руската Федерација Лео Бокерија, ја отфрли идејата за традиционална диета. Според него, сè што знаевме за здравата исхрана е лага.

„Изреката: Јадете појадок сами - е целосна глупост. Кога се будите, вашето тело се навикнува на работна состојба, а вие седнувате на маса и јадете чинија полна со месо, корпа леб и цела чаша со  пијалок .... Одите на работа со полн стомак, а тогаш и самите на себе сте си тешки...

Кога работевме со Американските хирурзи, забележав дека големите хирурзи наутро најчесто пијат кафе. Напладне, јадат сендвич и тоа го викаат ручек. По работните обврски се враќаат вечерта дома, јадат нормална храна, пливат во базен, читат и одмараат ...  Затоа, појадокот дајте го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крајот прошетајте пред спиење или вежбајте.  Според моето искуство, луѓето кои живеат на тој начин - живеат подолго и здраво!“

Овој совет од познатиот руски лекар е потврден со најновото истражување спроведено на универзитетот Корнел. Научникот Давид Левитцки открил дека оние луѓе кои го прескокнуваат појадокот за неколку недели значително ја намалуваат тежината. Тој ја потврди оваа теорија со експеримент насочен кон утврдување на количината на храна што човекот ја внесува во организмот во текот на денот.

Половина од учесниците појадувале, а другата група не доручкувале. Групата која прескокнува појадок дневно трошеше 408 калории повеќе од групата која секое утро консумирала појадок.

Според овој научник, прескокнувањето на појадокот може да се смета за одличен систем на брзо губење на тежината.

"Јас разбирам дека прескокнувањето за појадок е во спротивност со сè што знаете за здравата исхрана, но новите податоци нè ставаат сериозно да размислуваме да се откажеме од нашиот прв утрински оброк. Секако, ова важи за здрави луѓе. Луѓето кои имаат проблеми со дијабетес и хипогликемија, не треба да ги прескокнуваат оброците за одржување на нивото на гликоза “, вели Левитцки.