Полн погодок или модна утка? Шпанската кралица покажа кои две работи најдобро одговараат или се комбинираат со црн фустан

Добивај вести на Viber

Нејзините тоалети секогаш се под лупа на различни модни критичари

Шпанската кралица Летиција се појави на филмскиот фестивал во Мајорка и тотално воодушеви со својата облека. Таа долго време важи за една од најдобро облечените дами во светот.

Нејзините тоалети се секогаш под лупата на различни модни критичари и таа едноставно секогаш добива добри критики за нејзините комбинации.

Летиција за овој фестивал избрала летен црн фустан, кој може да се опише како комбинација на вечерна тоалета и малку поопуштена варијанта.


Фустанот е без ракави со тенки прерамки и умерено деколте.

Со овој фустан таа одлично искомбинирала два предмети од нејзината гардероба.

Станува збор за металик златни еспадрили и чанта, кои одлично се вклопуваат со овој претежно темен стајлинг.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot