Полни усни со природен изглед: Трикот на Меган Маркл за кој се потребни 5 минути
Уште кога Меган Маркл стана дел од британското кралско семејство, светот ги следи нејзините јавни настапи.
Шминкерот Даниел Мартин се грижи за шминката на поранешната актерка, а еден трик за убавина што редовно го применува војвотката од Сасекс ѝ помага да го задржи природниот изглед на усните.
Имено, Меган ја користи техниката на цртање на работ на усните со молив за усни. Резултатот од овој трик е ефектот на поцелосни усни без додавање на боја:
Прво, изберете подлога за усни, така што ќе биде потемна од нивната природна боја.
Убаво изострете го моливот за усни, и нацртајте ја линијата малку над природната линија на усните, но фокусирајте се на средината на усните.
Кога ќе стигнете до работ, држете се до природните линии.
Изберете нијанса слична на природната боја на усните, а потоа постепено создавајте волумен за да го одржувате природниот изглед на усните.
Фото: Profimedia