„Полошо не можев да поминам“: Петар Грашо после долго време проговори за Данијела Мартиновиќ и бројните медиумски натписи
Фото: В.Тануровски
Хрватскиот пејач Петар Грашо е во центарот на вниманието по повод големиот белградски концерт, па даде бројни изјави и гостуваше во една емисија каде ги откри деталите од соработката со Тончи Хуљиќ, но и се осврна на врската со Данијела Мартиновиќ.
Инаку, Петар и Данијела беа во врска 24 години, а по раскинувањето многу брзо започна врска со младата Хана Хуљиќ со која набрзо се ожени, а двојката неодамна ја доби и ќерката Алба.
Грашо еднаш истакна дека многу малку време поминува со својата ќерка поради деловните обврски.
На прашањето на водителката дали е тешко кога некој долги години ви е деловен соработник, а потоа на некој начин ви станува роднина, Петар имаше подготвен одговор.
-Тој секако ми е тежок, па полесно е ако ми е роднина, отколку ако ми е тежок само безврска. Тој можеше да помине и полошо, а јас полошо не можев да поминам - заклучи Грашо.
Пејачот се осврна и на тоа како многу брзо отишол до олтарот со Хана, додека тоа не го направил со Данијела и откри дали таквите споредби му пречат.
- Не читам медиумски наслови и не читам коментари, не коментирам ништо. Важно е човек да е со себе чист - рече Петар.
Извор: glossy.espreso.co.rs