Половина жена, половина харизма: Шерон Стоун синоќа блесна во фустан кој би ја проголтал секоја друга жена, но на неа изгледа совршено (ФОТО)

Синоќа Шерон Стоун ја предводеше парадата на филмските ѕвезди на гала проекцијата на „What's Love Got To Do With It?“ на меѓународниот филмски фестивал во Џеда во Саудиска Арабија.
Убавата 64-годишна актерка блесна во необично, но шик и гламурозно издание кое остави силен впечаток.
Шерон избра валкано розов долг, широк фустан направен од десетици метри тул со предимензионирана јака и црна, плишана панделка.
Актерката комбинацијата ја комплетираше со кадифени ракавици кои придонесоа за ефектот на елеганција, но и со скапи, ефективни обетки.
Таа ја исчешла кратката, руса коса наназад и лежерно ги разбушави прамените, а што се однесува до шминката, се одлучи за нежни, дискретни тонови.
фото:Profimedia
Шерон по којзнае кој пат докажа дека харизмата е нејзиниот најсилен адут и дека изгледа совршено дури и во малку поекстравагантна креација во која повеќето други жени едноставно би се изгубиле. Дали ви се допаѓа ова издание?
извор:zena.blic