Поради големиот интерес, најавена е Втора обука за „Дизајн на облека во 3Д“

Добивај вести на Viber

После големиот интерес за првата организирана обука за „Дизајн на облека во 3Д“ кој ги надмина сите очекувања на организаторите, најавено е организирање на нова, втора обука која ќе стартува на крајот од месец ноември.

Крајниот рок за пријавување е 26.11, а сите информации за обуката и едноставниот начин на пријавување се достапни на следниот линк: http://fashion-freelancer.mk.

Станува збор за уникатна обука наменета за сите што сакаат фриленсерска кариера во модната индустрија. На обуката се добредојдени и искусни професионалци од текстилните компании кои сакаат да го надоградат своето знаење, но и луѓе кои никогаш немале никаков допир со модната индустрија и допрва сакаат да станат дел од неа.

Обуката за „Дизајн на облека во 3Д“ има 9 модули и трае вкупно 13 недели. Во тоа време, посетителите ќе научат вештини со кои веднаш ќе можат да се вклучат во светот на модниот фриленсинг и да земат учество во проекти кои ќе им носат основен или дополнителен приход.

Покрај стекнатите работни вештини, секој од учесниците ќе добие лиценциран Сертификат за дизајн на облека во 3Д, како и лиценциран софтвер за работа во времетраење од три месеци.  Субвенционираната цена за учество во обуката изнесува 250 евра.

Одржувањето на обуката е поддржано со програмата Reconomy  - регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.


ПР објава