Поради канцер ја загуби ногата, па стана модел: Ја обвинуваат дека ја лажира нејзината попреченост

Како тинејџерка, таа ја изгуби едната нога поради дијагноза на рак на коските

Манекенката и модна стилистка Шери Луиз (29) од Нов Зеланд, која ја загуби ногата како тинејџерка поради рак на коските, почна да ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи, а потоа беше осудена од поединци. Имено, некои нејзини следбеници ја обвинија дека сака само лајкови.

Покрај битката за живот, Шери се бореше и со привлекување внимание поради нејзиниот хендикеп. Сепак, во своите 20 -ти години, сфати дека нејзиниот хендикеп секогаш ќе привлече внимание.

Таа ја започна својата манекенска кариера и снимаше кампањи за големите модни брендови. Како се појави во јавноста, таа го привлече вниманието и на луѓето кои мислат дека Луиз само сака сожалување, и кај оние кои сметаат дека сака лајкови и да стекне популарност.

View this post on Instagram

A post shared by Cherie (@cherie.louise)


- Луѓето на социјалните мрежи често ме обвинуваат дека ја лажирам мојата попреченост и тврдат дека ја бришам ногата со Фотошоп со цел да привлечам внимание - вели Шери и додава дека често го наведуваат одразот на нешто што го виделе на подот како „доказ“.

- Многу ми е непријатно, со оглед на тоа низ што поминав за да преживеам и да дојдам до овој момент, а потоа да  ме обвинуваат дека се‘ е лажно и фотошопирано.

- Поминав безброј ноќи плачејќи над фотографиите што ги направив пред ампутацијата, прашувајќи се зошто ми се случи тоа. Се‘ што сакав беше да се разбудам еден ден и повторно да ги имам двете нозе - речеоваа храбра млада жена.

Својот поглед конпопреченоста го променила во своите дваесетти години, кога сфатила дека луѓето секогаш ќе ја гледаат и дека треба да го искористи и да направи нешто од тоа.

- Социјалните мрежи всушност одиграа голема улога во моето градење на самодоверба, бидејќи открив дека колку повеќе фотографии објавувам, толку помалку се грижам како ќе реагираат луѓето - искрена е Шери.

„Ги отфрлив стравовите“

Таа исто така нашла модел со ист проблем на Инстаграм, а таа и помогнала да отфрли некои од нејзините стравови.

View this post on Instagram

A post shared by Cherie (@cherie.louise)


- Се сеќавам дека таа објави нејзини фотографии во костими за капење, па дури и фотографии со видливи лузни. Иако споделував многу од моите фотографии, никогаш не бев доволно храбра да ја споделам онаа во костим за капење. По нејзините фотографии ги отфрлив моите стравови – откри младата жена.

Шери, инаку, отсекогаш сонувала да работи во модната индустрија.

- На 16 години одев во модно училиште и така започнав со манекенство, а на 20 години се преселив во Мелбурн за да можам да работам како стилист - рече таа.

Нејзината прва работа била за бренд за долна облека.

View this post on Instagram

A post shared by Cherie (@cherie.louise)


Како што вели, сака да ја искористи својата работа за да ги застапува сите лица со попреченост.

- Свесна сум дека најлесниот начин да го направите тоа е да ја раширите сопствената приказна, да споделите фотографии и да ја покажете вистинската состојба на лице со попреченост. Се надевам дека ќе ме видат децата со тешкотии во развојот кои не се сигурни што им носи иднината. Сакам да навлезам во сите индустрии кои погрешно не претставуваа, и да нѐ остават да се слушаме и да си ги раскажуваме сопствените приказни – изјави таа за Дејли Меил.


Фото: Инстаграм

ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Ја загуби ногата и видот, а сега ги освојува модните писти