ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Ја загуби ногата и видот, а сега ги освојува модните писти

По мозочниот удар поради кој заврши во инвалидска количка, без врвовите на прстите на рацете и со протеза, оваа силна млада жена решила да превземе контрола над својот живот.

Цела една година е избришана од сеќавањето на Лиза Кокс (37) по мозочниот удар. Денес, по исцрпувачкото закрепнување во кое ѝ се случи и ампутација на ногата, делумно губење на видот, операција на срцето и губитокот на врвовите на девет прсти на рацете  поради лековите, Лиса се претвори во една сосема нова личност. Таа денес гордо чекори како модел на пистите. 

Во таа кобна 2005 година, кога го доживеала мозочниот удар, Лиза била здрава млада жена од 24 години, која интензивно работела на својата кариера. По ударот, таа вопшто не ја памети 2004 година и сите години пред него, пишува „Дејли Мејл“. 

„Не паметам каде живеев и каде работев во тоа време, но луѓето ми раскажаа дека сум била на Аеродромот во Мелбурн, подготвена да се качам на авион кога ми се случи ударот и паднав на земја. 

Потоа, Лиза три недели била во кома, два месеци на интензивна нега и повеќе од една година во болница, на рехабилитација. 

„Прво морав повторно да научам да јадам, да одам, но и како да се вртам на другата страна во креветот. Но, сите тие мали напредоци и победи, решив да ги славам. Како на пример, денот кога за прв пат сама измив заби“, се сеќава Лиза. Токму тој спортски став кој ѝ помогнал да го создаде својот нов идентитет, млада жена која храбро живее со инвалидитетот. 

„Секогаш го ценев своето тело поради она што го може, а не поради тоа како изгледа. Пред ударот, можев брзо да трчам и прецизно да ја фрлам одбојкарската топка и поради тоа бев благодарна. Истиот став владееше во мене и кога бев болна“, е дел од емотивната приказна на Лиза.

По ударот, луѓето поинаку ја гледале, а таа не можела таквите погледи да ги толерира. „Без оглед на тоа како изгледа жената и колку може да стори, таа треба да го слави своето тело“, е ставот на оваа храбра жена. „Тоа е една од причините поради кои решив со количка да прошетам на модната писта. Благодарна сум за телото кое го имам, иако не е конвенционално убаво и ограничено е со инвалидитет“, ја објаснила Лиза својата одлука да почне да позира како модел и да учествува во модни ревии. 

„Моето тело е како тепих со лузни и несовршености, а единствените импланти кои ги имам се од сребро и од титан“, рекла Лиса со насмевка. Овој месец, таа ќе се појави на модно шоу на „Мераки“ во Бризбејн во нејзината Австралија, затоа што сака да им ја зголеми свеста на луѓето кои живеат со инвалидитет.

„Закрепнувањето се темели на тоа секој човек, секој ден да оди со мали чекори напред, и тоа да го слави како голема победа“, заклулчува Лиса.