Поради Ковид-19 остана сираче: Мама Марија почина само неколку часа по првите симптоми

Четиригодишно дете од Сан Антонио ги загуби двајцата родители како последица на коронавирусот за само четири месеци

Рајден Гонзалес од Сан Антонио ги загуби двајцата родители на четиригодишна возраст поради Ковид-19, и тоа само за само четири месеци.

Неговиот татко Адан (33) започна да работи во нова компанија во мај како возач на камион. Наскоро неговиот колега кој го обучуваше доби позитивен тест на вирусот. На крајот на мај, Адан започна да ги чувствува првите симптоми. Семејството помисли дека страда од алергија, но на 3 јуни дознаа дека е позитивен на корона. По шест дена беше итно пренесен во болница, каде набрзо заврши на интензивна нега. И покрај борбата на лекарите, тој почина две недели подоцна, на 26 јуни.

Мајката на Рајден, Марија (29) мораше да му каже на својот син дека го изгуби татко му, а малиот се потруди да разбере. Сфати дека тато беше сериозно болен ... Знаеше и дека мама и тато цело време носеа маски за да се заштитат.

По смртта на нејзиниот сопруг, Марија падна во депресија, но се чувствуваше физички добро. До еден момент, а потоа ја снема.

Кобниот понеделник, 5 октомври, таа отиде на шопинг со нејзината мајка. Нарачаа вечера и сè изгледаше нормално. Меѓутоа, во вечерните часови, Марија почнаа да ја болат белите дробови и тешко дишеше.

- Дојдоа од брзата помош, направија неколку испрашувања за неа и ја одведоа, никогаш повеќе не ја видовме. Таа почина во вторникот во 08:14 часот - вели Меги Брајант, која заедно со нејзината сестра, мајката на Марија, сега за грижат за момчето.

Таа вели дека веднаш била тестирана на коронавирус во болницата. Првиот тест беше негативен, вториот тест позитивен, по пет часа Марија повеќе не беше жива. Таа почина од застој на дишењето поради страшна пневмонија.

Детето знае дека Ковид-19 го зеде неговиот татко.

- Тој е ангел во облаците. Ковид го зеде татко ми и тој сега е ангел - вели Рајден.

Момчето сè уште има проблем да сфати дека болеста му ја одзеде и мајката.

- Морав да му кажам дека Марија почина. Тоа беше најтешкото нешто во мојот живот што морав да го сторам. Му објаснив дека не ја видел неколку дена затоа што беше многу болна и дека исто така и таа отиде кај ангелите - вели Меги.

Рајден слушаше во шок, а потоа рече само една реченица: „И јас сакам да бидам ангел во облаците со мама и тато“.

Детето го прослави својот 5-ти роденден во неделата, а Меги сакаше да му ја исполни секоја желба, за да знае дека не е сам и дека има кој да се грижи за него. Таа организираше акција на собирање пари со цел да му приреди незаборавна забава.

- Само сакам да знае дека ќе бидеме со него за секој следен роденден. Тој мора да знае дека е во добри раце - вели Меги.