Поради многу ретка болест, родителите ја напуштиле: Никој не смеел да ја посвои додека не се појавил тој
Секогаш е насмеана и
полна со живот, без разлика што од самото раѓање секојдневно се бори за
нормален живот
Ниша Лобо боледува од ретко генетско нарушување на кожата. Кога имала само една недела, нејзините родители ја оставиле во сиропиталиште во Бенгалуру, во индиската држава Карнатака.
Ниша има нарушување наречено ламеларна ихтиоза, што значи дека има кожа како риба.
- Кожата ми е покриена со лушпи и постојано ми се лупи. Со едноставни зборови, кожата е претесна за моето тело – изјавила девојката за Би-Би-Си.
Поради ретко нарушување, кое погодува еден од 600.000 луѓе, кожата на Ниша пука и се расцепува, што е многу болно.
Никој не сакаше да посвои девојка со такви посебни потреби, освен докторот кој работеше таму. Тој ја однел Ниша во својот дом и ја запознал со своето семејство.
- Видовме мало девојче кое беше во многу лоша состојба. Немаше очни капаци, очите и крвареа, кожата и беше во ужасна состојба - изјавила нејзината мајка Алома Лобо.
Таа се присети како нивната друга ќерка едноставно ја зела Ниша, ја прегрнала и рекла: „Мамо, ајде да ја однесеме дома“.
- Ниша не дозволува оваа состојба да влијае на нејзиниот живот - изјави мајката. - Кога ќе излезе, луѓето едноставно не можат да го тргнат погледот од неа.
- Некои луѓе се плашат од мојот изглед, па што да правам? Им се насмевнувам, а понекогаш и тие ми возвраќаат - рекла девојката.
Ниша раскажала како успеала да омекне четири деца кои постојано ја гледале во црква.
- Им мавнав. Првиот ден немаше одговор, но со текот на времето почнаа да ми маваат. А потоа една недела истрчаа и седнаа до мене – открила девојката.
Кога ќе ги погледнете нејзините фотографии, ќе видите девојка која е постојано насмеана, а нејзиниот татко тврди дека многу научиле од неа.
- Никогаш не сум се пожалил на Бога, бидејќи не гледав причина за тоа. Ми даде се‘ што ми треба. Не се гледам себеси како човек со проблем и не гледам причина зошто да не бидам среќна – заклучила девојката.
Фото и Видео: Youtube