Поради новите фотографии сите мислат дека се случи помирувањето на годината: Долго време се шпекулира дека Ирина и Бредли се повторно заедно, а ги затекнаа во ваква ситуација

Веќе подолго време се шпекулира дека поранешните партнери Ирина Шајк и Бредли Купер повторно се во врска, а по новите нивни фотографии во Њујорк сите се уште поуверени во тоа.

Поранешните вереници се „фатени“ како се шетаат во Њујорк. Фотографирана е и нивната прегратка и изгледаа повеќе од блиско, поинтимно од вообичаено, сликите ексклузивно ги пренесе „Дејли мејл“.

Ирина Шајк и Бредли Купер на тие слики се како вистински вљубен пар. Официјална потврда за обновената романса сè  уште нема, но фотографиите кажуваат многу.

Фото: BCIS / BACKGRID/Backgrid USA Фото:Profimedia

Пред само десет дена, двајцата беа видени во Њујорк со ќерката Ли Шејн Шајк Купер, за време на викендот на „Ноќта на вештерките“. Ирина и Бредли минатиот месец уживаа во забава во „Големото јаболко“, а минатото лето и заедно се одмораа.

За нивната врска првпат се зборуваше во 2015-та година, а следната година се појавија како двојка. Пред пет години добија ќерка, а се разделија во 2019-та година.

По кратка пауза почнаа да се појавуваат заедно, се зборуваше дека главна причина за нивниот добар однос е детето за кое имаат заедничко старателство. Сепак, секое наредно појавување во јавноста покажуваше дека можеби има повеќе од тоа.

Извор изјави за „Page Six“ дека Ирина би сакала нивната ќерка да има сестра или брат, со што Бредли се согласува. Ќе видиме како таа желба ќе се оствари.

Извор: zena.blic.rs