Поради оваа жена Доналд Трамп е моментално во притвор: Таа тврди дека ја изневерил Меланија со неа, а му земала и 130.000 долари
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше уапсен пред неколку часа и моментално е во притвор. И додека целиот свет е сведок на преседан во американската историја, целата приказна е уште поинтересна бидејќи главниот лик е актерка од порно индустријата.
Фокусот на истрагата е насочен кон 130.000 долари кои наводно и биле исплатени на порно ѕвездата Сторми Даниелс чие вистинско име е Стефани Клифорд, неколку недели пред претседателските избори во САД во 2016 година. Огромната сума и била дадена со цел таа да молчи за аферата која ја имала со Трамп неколку години пред тој да се кандидира за претседател.
Трамп наскоро треба да се изјасни пред судот во Менхетен за обвинението што против него го поднесе обвинителството во Њујорк.
И додека тој е позади решетки, Даниелс е пресреќна. Таа и јавно се обрати на своите следбеници.
-Ви
благодариме на сите за поддршката и љубовта, напиша на Твитер по
објавувањето на веста за кривичната пријава.
Четириесет и четири годишната Даниелс е и автор, режисер и медиумска личност. Таа има свое реално ТВ-шоу „Spooky Babes“ во кое пребарува опседнети куќи како „Истражувач на паранормалното“.
Инаку, Трамп во моментов има собрано повеќе од 2 милиони долари за својата правна одбрана откако на 18 март тој предвиде дека наскоро ќе биде уапсен. Групата за собирање на средства за Трамп испрати електронска пошта во која се бара од неговите поддржувачи да соберат уште повеќе средства по неговото обвинение, пренесува Ројтерс.
Фото: Profimedia