Лина: Жените можат сѐ, но често забораваат дена не мораат!
Лина, членка на виртуелната заедница „Мајки на Фејс“, одлучила да им се обрати на мајките кои се преоптеретени со чистењето и уредувањето по дома порачувајќи им дека тие не се роботи и дека имаат право на одмор. Писмото ви го пренесуваме во целост.
Мајки, драги, немојте да правите роботи од себе. Земете одмор, застанете. Дајте си себе право на валкана облека, валкан под, валкани садови, ако чувствувате замор. Имате право да одморите.
Ја одработувам својата смена, доаѓам дома, ручам, ја погледнувам домашната на помалата ќерка, позборувам со поголемата, им давам задачи за помош по дома и паѓам мртва уморна на кревет. Да, јас сум мајка која себе си дава одмор.
Си дава себе одмор од некој саат време и кога подот е валкан, садовите неизмиени, алиштата за простирање, перење, пеглање, кога во домот е целосен хаос јас легнувам и не гледам ништо. И знам дека сум тука во помалкуте мајки, бидејќи повеќето не се осудуваат да си дадат одмор. Знам многумина кои не седнуваат додека дома не биде се во совршен сјај. А драги мои, зошто?
Во каква ситуација сте вие откако се ќе направите совршено? Погледнете се малку во огледало, дали подочниците ви се до нос или до брада? Имате ли после совршена куќа време, волја и нерви за совршена игра, совршено водење љубов или совршено дотерување на самите себе ... Јас знам дека немате бидејќи само робот би го можел тоа.
Мајки, драги, немојте да правите роботи од себе. Дајте си одмор на себе, застанете. Дајте си себе право на валкана облека, валкан под, валкани садови, ако чувствувате замор. Имате право да одморите.Не одземајте си го себе тоа право за да докажете дека вие се можете. Секако дека можете, па жена сте! Жените можат се', но често забораваат дека не мораат!