Поранешната мис на Бразил почина на 27 години по рутинска операција на крајниците: Што може да доведе до компликации?

Семејството на Глечер Кореир тврди дека за време на операцијата дошло до лекарска грешка, која требало да биде рутинска, но завршила со кома на 27-годишната девојка.

Поранешната победничка на Мис Бразил за 2018 година, Глејси Корија почина на 27-годишна возраст по операција на крајниците. Според извештаите, интервенцијата довела до мозочна смрт, а потоа до два месеци во кома.

Според „DailyStar“, семејството на починатата мисица тврди дека имало медицински пропусти за време на операцијата, која требало да биде рутинска.

Преубавата девојка од Бразил, почина на 20-ти јуни во приватна клиника, откако наводно доживеала тешко крварење и срцев удар, само неколку дена по тонзилектомија.

Семејниот свештеник на Лидијана, Алвес Оливеира, објасни дека мисицата крварела дури и по пет дена дома.

View this post on Instagram

A post shared by Gleycy Correia PMU (@gleycycorreia)


Кога крајниците стануваат проблематични

Крајниците се лимфно ткиво кое има одбранбена улога, функционира како филтер кој ги задржува бактериите и другите микроорганизми и нè штити од инфекции. Проблемите со крајниците најчесто се јавуваат на порана возраст.

Проблеми со крајниците најчесто се јавуваат како често воспаление на крајниците, чести инфекции на увото, отежнато дишење во носот, 'рчење за време на спиењето, слаб напредок кај децата, слаб апетит. Доколку не се отстранат, може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Подготовка за операција

Операцијата на крајниците е една од полесните, „рутински“ операции. Кога ќе се дијагностицира хроничен тонзилитис и ќе се процени операцијата, потребна е целосна предоперативна подготовка. Бидејќи оваа операција не е витална и итна, пациентот се оперира само кога не е во акутна инфекција.

Операцијата се изведува под општа, класична ендотрахеална анестезија, која е многу кратка и не остава никакви последици. Можен ризик со оваа операција е крварењето, кое доколку навреме не се забележи може да биде опасно. Ризиците вклучуваат инфекции и повреди на мекото непце.

Закрепнувањето по операцијата е чисто индивидуално, кај некои е пократко, а кај други подолго.

View this post on Instagram

A post shared by Gleycy Correia PMU (@gleycycorreia)


Постоперативен тек

Во постоперативниот тек пациентот има болки при голтање и зборување, а можно е да има и температура. Овие проблеми се решаваат со давање аналгетици, кои ја смируваат болката и ја намалуваат температурата.

Вообичаено по операцијата, пациентот има болки во грлото при голтање и зборување. Затоа зема течна храна во првите седум дена по интервенцијата. Две недели по интервенцијата, пожелно е пациентот да избегнува дружби со многу луѓе бидејќи е поподложен на инфекции.

Глечер беше крунисана за „Miss Continentes Unidos Brasil“ (Miss United Continents Brazil) во 2018-та година.

Таа, исто така, беше претприемач кој беше специјализиран за трајна шминка и работеше на редизајнирање на ареолата на дојката кај жени кои боледувале од рак на дојка.

Извор: telegraf.rs