Поранешната партнерка на славниот рапер пронајдена мртва

Добивај вести на Viber

Актерката и манекенка Ким Портер почина на 48-годишна возраст. Портер е поранешна партнерка на славниот рапер Шон Комбс многу попознат како Пи Диди со кого има три деца.

- За жал, морам да потврдам дека Ким почина. Во овие тешки моменти семејството ве замолува за приватност – изјави претставничката на Диди за „Фокс њуз“.

Портер е пронајдена мртва вчера во нејзиниот дом, а причината за смртта сѐ уште не е позната. Неколку американски медиуми јавија дека последните недели таа се борела со симптоми кои укажуваат на грип и се претпоставува дека е во прашање срцев удар.

Ким Портер се појави во неколку филмови, а играше и во хит-серијата „Закон и ред“.