Поранешната свекрва на Адријана Лима блеска во седмата деценија: Ретко се појавува во јавност, а сите се вртат по неа (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Лепосава Јариќ, мајката на познатиот српски кошаркар Марко Јариќ, каде и да се појави импресионира со својот изглед

Имено поранешната свекрва на Адријана Лима, ретко се појавува во јавноста. Иако многумина можат да ја видат само на Инстаграм кај нејзниот син, Лепосава каде и да се појави остава впечаток со својот изглед.

Лепосава изгледа фантастично во седмата деценија од животот, а многумина велат дека на тоа дополнително влијае и харизмата што ја поседува.

Додека синовите Марко и Никола тргнаа по стапките на својот татко и станаа добро платени кошаркари, ќерката Тамара е забележана во модниот свет во странство. Нејзината желба е да се етаблира како дизајнер во Србија.

Таа моментално живее во Америка, каде што се и нејзините браќа, па не е чудно што свекрвата на Адријана Лима често може да се види со куфер во рака.

Фото: Printscreen/instagram

Со оглед на тоа што многу ѝ недостигаат внуките Сиена и Валентина, Лепосава речиси секој месец патува во Мајами за да помине време со нив, а познато е и дека целото семејство често се собира за одмор.

Инаку, Адријана Лима отсекогаш ја обожавала својата свекрва и често одела на одмор со неа. Ја нарекува со прекарот што и го дале ќерките - Зиза и речиси никогаш не прескокнува да истакне колку ја сака.

Дури и кога Адријана Лима и Марко Јариќ се разведоа, манекенката не го промени мислењето за Лепосава.

Лепосава не крие дека тешко ѝ паднала разделбата на синот и снаата, но се помирила со тоа дека до смирување меѓу нив нема да дојде.

View this post on Instagram

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)


Да потсетиме, Адријана Лима и Марко Јариќ беа во брак пет години. За време на разводот, кој започна во 2014-та година, ниту еден од нив никогаш не кажа лош збор за својот поранешен сопружник. Напротив, имаа само зборови за почит кон другиот.

Бидејќи и двајцата потекнуваат од сиромашни земји, на почетокот на бракот се согласиле дека никогаш нема да ги воспитуваат своите деца да бидат разгалени и навикнати на изобилство.

- Многу сум заштитнички настроен кон Адријанаа и моите ќерки. Тие секогаш имаат голема поддршка за мене и најважно ми е што имам добар однос со неа – изјави еднаш Марко за американските медиуми, а и неговата поранешна сопруга го пофали:

- Девојките се навикнаа на новонастанатата ситуација. Тие растат опуштено, свесни дека мама и тато одлично се согласуваат и дека нивниот развод не е крај на светот. Марко е супер. Секогаш е тука кога ни треба и ги обожава Валентина и Сиена. Во неговите очи гледам љубов секогаш кога ќе ги погледне. Тој е многу среќен во наше друштво - изјави Лима, која имаше неколку врски по разводот.

Извор: stil.kurir.rs