Животна училница // Приказни
Портрет од коса: Фризерка од Кривогаштани ја „наслика“ Атиџе
- 09 Февруари, 2020
Светлана Зуламоска-Гроздановска од Кривогаштани, фризерката која стана хит на социјалните мрежи откако повеќе познати личности ги „наслика“ со косата од клиентите кои ги шиша, сега се пофали и со нејзиното најново дело инспирирано од главната ѕвезда на „Медена земја“, неповторливата Атиџе Муратова.
„Овој салон постои седум години, но освен фризерскиот занает секогаш ме интересирала и уметноста“, раскажа Светлана во претходно интервју за „Женски магазин“.