Посакувам порано да се запознаевме: Ана и Милутин доживеаја љубов од бајките, но најголемата желба не можеше да им се исполни

-Посакувам да се запознаевме порано и да имавме потомство. Тој би бил прекрасен татко, сигурна сум во тоа. Животот не спои малку доцна за тие работи, но имаме внуци кои надоместија. Јас и тој често зборуваме како би се викало нашето дете, дали повеќе би сакале момче или девојче... Сакаме да фантазираме бидејќи нашата љубов е навистина силна - изјави Ана Бекута пред неколку години.

Пејачката е во голема тага по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ, а нејзиниот син Игор, од првиот брак, бил многу приврзан за српскиот политичар.

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ (79) почина во Белград во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, а неговата партнерка Ана Бекута и почитувачите на ликот и делото на Мркоњиќ се простуваат од него деновиве, преку социјалните мрежи.

Иако нивната љубов беше како во бајките, не можеа да исполнат само една, голема желба, истакна во една прилика самата пејачка:

- Жал ми е што немам дете со Милутин. Посакувам да се запознаевме порано и да имавме потомство. Тој би бил прекрасен татко, сигурна сум во тоа. Животот не спои малку доцна за тие работи, но имаме внуци кои надоместија. Јас и тој често зборуваме како би се викало нашето дете, дали повеќе би сакале момче или девојче... Сакаме да фантазираме бидејќи нашата љубов е навистина силна - изјави Ана пред неколку години.

 Легендарната пејачка до последен ден беше со својот партнер, а нејзиниот син Игор од првиот брак, со клавијатуристот Александар Савиќ, многу го почитуваше и ценеше Милутин.

- Мојот син не сака да се експонира и тешко можеме да го натераме да дојде на некој настан со нас. Едноставно не ги сака медиумите. Милутин и Игор одлично се согласуваат. Игор повеќе го почитува Милутин отколку татко му - призна таа еднаш.

извор:GLOSSY

Тага до небо! Вака се запознаа покојниот Милутин Мркоњиќ и Ана Бекута, врската им беше љубовна бајка